Правда

Демонстрантите во Хонгконг се подготуваат за уште штрајкови наредната недела

Демонстрантите во Хонгконг - Работник
163views

Анти – владините демонстранти во Хонгконг се подготвуваат да започнат нови штрајкови следната недела.

Луѓето во Хонгконг штрајкуваа поради законот кој ќе овозможи обвинетите да бидат испратени во Кина каде што би им се судело за нивните злочини. Тие планираат уште демонстрации во сабота.

Вчера, претставниците на работниците од повеќе индустрии, вклучувајќи ги градежната и туризмот, одржаа прес – конференција и ги повикаа луѓето да влезат во штрајк следниот понеделник или вторник.

Лидерот на групата откри дека работниците во 20 сектори сакаат да се приклучат на штрајовите.

Лидерот истакна дека тие може да ги продолжат штрајковите или да преземат други чекори за да ескалираат протестите, за да бидат слушнати нивните барања.

Околу 35,000 луѓе зедоа дел во штрајковите на 5 август. Тие одржаа собири низ Хонгконг и имаше бројни насилни судири со полицијата.

Додека пак, про-демократските активисти бараат студентите да ги бојкотираат нивните испити кои почнуваат во понеделник.