- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникот

Демонстрантите побараа Лукашенко да даде оставка, тој се сретна со нив

Демонстранти - Работник
183views

Белоруските демонстранти се собрале утринава пред повеќе фабрики и пред седиштето на јавната телевизија во Минск, на повик на опозицијата која најавила генерален штрајк поради реизборот на Претседателот Александар Лукашенко. 

Како што јавуваат новинарите на Франс прес, демонстрантите кои носат бело – црвени знамиња на опозицијата, се собрале пред фабриката МЗКТ каде Лукашенко денеска пристигнал со хеликоптер. 

Advertisement

Илјадници вработени запреле со работа во фабриката за трактори во Минск (МТЗ), рекле вработените за агенцијата Франс прес. 

На демонстрантите им се придружиле работници и од другите фабрики, објавил сајтот тут.бу.

Advertisement
Advertisement

„Заминувај“, „Нема да заборавиме, нема да простиме“, извикувале демонстрантите пред седиштето на МЗКТ.

Една од опозиционите политичарки Марија Косеникова најавила заминување до седиштето на телевизијата во знак на „поддршка на колегите во отпорот“. 

Оваа најава е поздравена со извиците „Благодарам !“. 

Лукашенко, од друга страна, се состанал со работниците од фабриката МЗКТ, со намера да ги минимизира протестите и да даде уверувања дека фабриките работат и покрај повикот на генерален штрајк. 

„Ако некој не сака да работи и сака да замине… вратата му е отворена“, рекол Лукашенко. 

Лукашенко кој е на власт 26 години, повторно денеска ги одбил барањата за да даде оставка. 

„Никогаш нема да направам нешто под притисок“, порачал тој. 

 

Advertisement