
Вложувањето во енергетска ефикасност односно не е трошок туку инвестиција која на среден а особено на долг рок резултира со сериозни заштеди.
Новите прозори и фасади, LED светлата и современите апарати за домаќинство со енергетска класа А можат да ги намалат сметките за струја и за греење и до 70%.
„Тоа е проста математика. На вложен денар се враќа денар уште во првите година или две. Потоа се е чиста заштеда односно заработка“ објаснува Лазар Марковски, енергетичар. „Ако се одлучите за реновирање на домот прв приоритет треба да бидат прозорците, а потоа и фасадата. За ова се исплати да се земе и кредит зашто во меѓувреме парите ги фрлате во празно. За помали вложувања како замена на светилките и дел од уредите за домаќинството не треба воопшто и да се размислува“ објаснува тој.
Со промена на само една светилка годишните трошоци за струја може да се намалат и за 10 евра, доколку во целиот дом се постават штедливи LED светилки вкупната заштеда може да достигне и до 100 евра, пишува Денар.
Целосниот текст можете да го прочитате тука