ЕкономијаМакедонија

Денар: Каде е проблемот? Илјадници луѓе без работа а стотици компании без работници!

Каде е проблемот? - Работник
36views

Стапка на невработеност од 17.8% и над шест илјади слободни работни места. Македонските компании не можат да најдат соодветен кадар. Во објавените огласи се бараат речиси сите позиции – од чистачи и продавачи преку пекари и заварувачи до лекари и програмери.

Во моментов преку Агенцијата за вработување се активни огласи со вкупно 6.550 работни места. Најголем дел од слободните позиции се за ниско квалификувани кадри.

Се бараат 523 хигиеничари, 473 продавачи, 370 работници за погон, 285 општи работници, 274 шивачи, 226 возачи на камион, 196 таксисти, 190 градежници.

Гледано по дејности најмногу работници се побаруваат во секторот трговија и тоа 2.444, следува преработувачката индустрија со 1.012, транспортот со 879, градежништвото со 856, угостителството со 290, пишува Денар.

Целосниот текст можете да го прочитате тука