Економија

Денар: Роденден на ММФ: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

Роденден на ММФ: 0,1 проценти од најбогатите - Работник
255views

Вршител на должноста директор на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон, изјавил дека најбогатите 0,1 проценти од населението акумулирале исто богатство како најсиромашните 50 проценти.

“Светот се соочува со серија на промени кои придонесуваат за пад на довербата и социјалната кохезија, особено во развиените земји”, изјавил Липтон и додал дека “прекумерната нееднаквост” претставува проблем на глобално и национално ниво.

Тој зборуваше за глобалните предизвици на конференцијата во Париз по повод 75 годишнината на конференцијата во Бретон Вудс, кога 44 земји ја дефиниранале основата врз која се темели меѓународниот монетарен систем по Втората светска војна, а основани се ММФ и Меѓународната банка за обнова и развој, напиша Денар.