ЕкономијаМакедонија

Детектор анкета: Граѓаните му дадоа слаба тројка на македонското образование

Детектор анкета: Граѓаните му дадоа слаба тројка - Работник
315views

Помалку од тројка е средата оценка со која граѓаните го оценија образованието. Вакви резултати покажува последното истражување на јавното мислење на Детектор.

Најслаба оценка од граѓаните добило средното образование, со средна оценка 2,79. Нешто подобро поминало високото образование кое е оценето со средна оценка 2,84, а 2,85 е средната оценка која граѓаните му ја дале на основното образование.

Во споредба со последната анкета од во мај годинава, се бележи намалување на средната оценка за квалитетот на образованието.

Сепак, 51,6% од анкетираните велат дека генерално не се задоволни од квалитетот на образованието додека 44,8% велат дека во Македонија има квалитетно образование. Споредено со минатото истражување има промени, бидејќи тогаш 49,2 отсто од граѓаните беа задоволни од образованието, а 46,3 проценти не.

54,4% велат дека не се задоволни од квалитетот на учебниците, додека 23,6% се на став дека учебниците се квалитетни. 45,7% од анкетираните велат дека наставниот кадар не е квалитетен додека 34,1% сметаат дека во Македонија има квалитетни наставници.

Анкетата која за Детектор ја направи Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.

Извор: Сител