ЕкономијаМакедонија

Детектор анкета: Половина од граѓаните немаат пари за да одат на одмор ова лето

118views

Половина од граѓаните велат дека немаат пари за да одат на одмор ова лето, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
46,8% од граѓаните велат дека имајќи ја предвид кризата со корона вирусот оваа година нема да имаат пари за да одат на одмор, додека 34,9% сметаат дека ќе најдат финансиски средства за летување.

Со оглед на проблемите кои ги предизвика вирусот, 16,1% од граѓаните стравуваат дека оваа година воопшто нема да бидат во можност да го земат годишниот одмор, додека 28,5% велат дека нема да имаат проблем со тоа.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски од Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници, со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Извор: Сител