ЕкономијаМакедонија

Детектор: Граѓаните не планираат да летуваат под маски

98views

Мерките за заштита ќе имаат големо влијание на тоа дали граѓаните ќе одат на одмор ова лето, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

60,8% од граѓаните велат дека нема да одат на одмор ако се уште мора да се почитуваат мерките за социјална дистанца и носење маски, а за 21,4% тоа нема да биде проблем за да летуваат.

78,6% од граѓаните велат дека не би отишле на одмор ако по враќањето мораат да поминат самоизолација или карантин во Македонија, додека 11,6% велат дека ниту тоа не би ги спречило да летуваат.

Во однос на најавеното тестирање на границите, 65,7% велат дека нема да одат на одмор ако мора да прават тестови пред поаѓање, додека 22,6% се спремни и да се тестираат само за да летуваат.

52,1% од граѓаните велат дека ова лето на годишен одмор на планираат да патуваат со автобус или авион, додека 26,4% велат дека се подготвени за тоа.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски од Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници, со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Извор: Сител