МакедонијаПравда

Детската амбасада „Меѓаши“ остро реагираше на војничкиот поздрав на основците и наставниците во Гостивар

Детската амбасада „Меѓаши“ - Работник
232views

Војнички поздрав од основци и наставници во Гостивар за турската воена офанзива
Просветниот инспекторат ќе постапува за случајот во основното училиште во Гостивар
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ остро реагира на информацијата дека ученици и наставници пред училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ со војнички поздрав ја поздравуваат воената офанзива на Турција против сириската милиција поддржана од САД, во придружба на возрасни лица. На овој начин се врши манипулација и индоктринација на деца во училиштата во државата. Се користат децата за величење на воени интервенции наместо да ги учат на мирољубиви начини на трансформација на конфликти.
Не ги информираат учениците за негативните последици од војните односно за статистиките на загинати деца во конфликтите, ниту за состојбите во кои се нашле децата чии родители загинале во воените конфликти и животот по загубата на родител, или, пак, за животот на родители по загубата на дете во воен конфликт.
Министерството за образование го осуди чинот и повика образовните установи да се воздржат од какви било активности кои имаат политичка позадина.
Скандалозниот случај во кој стотина основци од гостиварското училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ под развиорено турско знаме во училишниот двор упатуваат војнички поздрав за поддршка на турската воена офанзива ќе биде под лупа на Државниот просветен инспекторат.
Министерството за образование го осуди чинот и повика образовните установи да се воздржат од какви било активности кои имаат политичка позадина. За конкретниот случај, Инспекторатот ќе изврши надзор и ќе ги одреди санкциите.
„Министерството за образование и наука ги осудува активностите кои биле организирани во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар и во кои учествувале ученици, а преку кои била испратена политичка порака за поддршка на воени акции на одредена држава. Тоа е апсолутно неприфатливо и секако надлежниот инспекциски орган, односно Државниот просветен инспекторат соодветно ќе постапи и одлучи согласно констатираното за време на надзорот“, пишуваат од МОН.
Фотографиите со спорниот поздрав на учениците под придружба на училишниот персонал беа објавени на „Фејсбук“ страната на училиштето, но поради жестоките јавни реакции уште истиот ден беа отстранети. Канал 5 успеа да стапи во контакт со директорот на училиштето, но не беше расположен да даде коментар. Само кусо посочи дека ќе излезе со официјален став. – Фејсбук Статус на Претседателот на првата детска амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац.