ПравдаСветот на работникот

Деца.мк: Во Србија најдобриот наставник го преместуваат во селско училиште

Во Србија најдобриот - Работник
272views
Наставата приспособена на интересите на учениците, која инаку со свои реформи се обидува да ја воведе министерството за образование во основните училишта во Србија, учителот Миомир Дејановиќ од Врање сам ја спровел во училишните клупи во основното училиште „Светозар Марковиќ“, претворајќи ги лекциите во стрип. Притоа го поврзал материјалот од повеќе предмети, што е една од основните цели на сегашните просветни власти. Користејќи го стрипот, веќе 25 години држи часови според желбите на децата, поради што Здружението „Живојин Мишиќ“ во 2017 година го прогласи за најдобар наставник на просторите на поранешна Југославија, пишува порталот Деца.мк.