- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

ДЗС: За 7,4 проценти поскапела струјата во втората половина на 2020 година

Регулаторна - Работник
592views

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2020 година, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесувала 5.144 денари по киловат часови што претставува раст од 7.4 проценти во споредба со првото полугодие од 2020 година.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.330 до 7.160 денари по киловат часови по групи на потрошувачи, известува државниот завод за статистика.

Според нивните податоци просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 13.684 до 24.340 денари по нормален кубен метар по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 29.945 денари по нормален кубен метар.