ЕкономијаМакедонија

ДЗС: Мајски индекси за прометот во индустријата

Пад од 15,1 отсто - Работник
161views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 111.7. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 %, Капитални производи за 19.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %. Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.5, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 112.9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 99.8. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 %, Капитални производи за 4.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %. Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, изнесува 100.5, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 101.1.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 115.5. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5 %, Капитални производи за 19.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19.2 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %. Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, изнесува 105.5, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 116.9.