ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

ДЗС: Најголем број на слободни работни места има во услужните дејности и продажбата

ДЗС: Најголем број на слободни работни места - Работник
65views

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.81 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Л ‒ Административни и помошни услужни дејности, односно 4.10 %, додека најмала е стапката во секторот М – Образование, во кој изнесува 0.47 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.22 %.

Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.80 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 878, има во петтата група занимања ‒ Работници во услужни дејности и продажба.