- Advertisement -
Занимливости

Дизни лансираше маски за најмладите: Не мора се да биде страшно во пандемијата

260views

На луѓето шурум светот им е препорачано да носат маски за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Ова на многумина не им е баш забавен и омилен дел од облеката, посебно на децата.

Advertisement

Дизни од тоа доби една забавна идеја. Тие лансираа маски за деца со ликови од омилените цртани филмови, за на децата да им биде помалку страшно носењето на маски.

Advertisement

Па така во понудата се маски со ликовите на Мики Маус, Вини Пу, разни принцези и т.н.

А тоа што е најважно, Дизни објави дека ќе донира милион маски, но и милон долари од својот профит за поддршка на медицинските установи.

На фотографиите можете да ги погледните и шарените маски на Дизни. На нивната страница е наведено и дека можат да се купат и онлајн.

 

Извор: Канал 5 

Advertisement