ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Дизни отпушта повеќе од 30,000 работници

Дизни отпушта - Работник
89views

Компанијата Дизни соопштила дека ќе го прошири обемот на отпуштање на 32,000 работници.

Тоа пред се, ќе се однесува на индустријата на тематски паркови, бидејќи поради пандемијата од коронавирусот многу е намален бројот на посетители.

Во извештајот доставен до американската комисија за хратии од вредност и берза (СЕЦ), компанијата навела дека на илјадници вработени работниот однос ќе им престане во фискалната 2021 година, пренесува Си – Ен – Би – Си. 

Најголемиот број на откази, дури 28,000, како што е највено уште во септември, ќе им бидат дадени на вработените во тематските паркови и единиците за авнтури и производи. 

Покрај тоа, Дизни на почетокот од октомври на принуден одмор испратил 37,000 вработени, за кои не се очекува дека ќе бидат отпуштени.

Компанијата на 3 октомври имала околу 203,000 вработени, а нејзината глобална работна сила ја сочинува работна сила, од која 80 отсто работи на полно работно време и 20 отсто на скратено работно време. Од вкупната работна сила, околу 155, 000 работници работат во тематските паркови и сегментот за авантури и производи. 

Претходно овој месец, Дизни соопштил дека пандемијата овие сегменти ќе ги чини околи 2,4 милијарди долари изгубен оперативен приход во четвриот квартал од фискалната година. 

Advertisement