ЕкономијаМакедонија

Димитров: Зголемување на минималецот може да доведе до порамнување на платите и демотивација на работниците

Димитров: Зголемување на минималецот - Работник
259views

Одлуката на Владата за зголемување на минималната плата на 14,500 денари е мошне храбра одлука, вели Претседателот на Организација на Работодавачи на Македонија, Ангел Димитров ексклузивно за Порталот Работник.

Според него со овој износ нашата минимална плата ќе се доближи до 60 % од просечната и може да доведе до намалување на бројот на работници во индустрија и т.н. урамниловка која негативно ќе влијае на мотивираноста на добрите работници и ќе предизвика пад на продуктивноста.

Димитров истакна дека од друга страна Владата е свесна дека ниските плати се една од причините за заминувањето на младите во странство и сака да влијае врз растот на платите.

„Доколку напуштените работници и оние кои ќе останат без работа со затворањето на фирмите со ниска додатна вредност се вработат во компании кои можат да исплаќаат поголеми плати, тогаш ќе нема негативен ефект.

Димитров наведе дека доколку ова не се случи, тогаш ќе имаме нови социјални случаи. Според него, ќе треба да се види и ефектот од субвенционирањето на придонесите и колку тоа ќе го ублажи овој процес.

Тој додаде дека едно е сигурно, а тоа е дека од ефектите на ова зголемување ќе се види дали стопанството ќе има сила и за планираното зголемување на 16,000 денари или пак ќе се покаже дека тоа не е можно со овој степен на развој на нашата индустрија.

Бобан Илијевски