ЕкономијаМакедонија

Димитров: Најважно е да се задржат работните места

Димитров - Работник
76views

Во овој момент најважно е да се задржат работните места. За да се направи тоа, потребно е од Владата да се покријат барем еден дел од трошоците за вработените кои од било какви причини не можат да ги остваруваат своите работни обврски-самоизолација, чување на дете до 10 години, немање материјали, забрана за вршење на дејност и сите проблеми што ги носи постојната ситуација, вели Претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија за Порталот Работник, Ангел Димитров.

Според него, Првичните мерки беа насочени само кон фирмите од туризмот, транспортот и угостителството и се однесуваа на помош за надминување на не ликвидноста. Со следните мерки е потребно да бидат вклучени сите компании и мерките да бидат со пооширок опсег.

Тој истакна дека Од почетокот на кризната состојба до денес бројот на напуштените работници не е многу голем и поголемиот дел од компаниите се уште имаат работа.

„Проблемите во текстилната индустрија ке пристигнат и силно ќе удрат во идниот период.Во моментов се завршуваат последните налози за сезоната Пролет-Лето, кои за жал заради затварањето на текстилните дуќани на запад ќе останат во магацините на брендовите и ќе бидат голем финансиски товар за истите“, вели Димитров.

Тој вели дека големо прашање е што ќе се случи со сезоната Есен-Зима 2020 година, која сигурно ќе претрпи големи штети, што ќе резултира со намален обем на работа и проблеми за компаниите, но да се надева дека тие нема да бидат од таков обем што ќе значат крај за компаниите.

„Нашиот орган на управување се обидува секојдневно да ја анализира состојбата и навреме да ги презема сите мерки за да се работи и во вакви услови. Се додека во компанијата нема ниту еден заразен од вирусот одлуките се полесни и можеме да планираме за идниот период, се надевам дека така ќе биде и во иднина“, вели Димитров.

Бобан Илијевски