- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Димитров: Поголемиот број на третиот сет економски мерки позитивно ќе влијаат на стопанството

Димитров: Поголемиот број на третиот сет - Работник
216views

Владата го донесе третиот сет на економски мерки, за коишто имаше различни реакции од страна на бизнис заедницата. Вчера, од Комората на Северозападна Македонија за Сител рекоа дека третиот сет на економски мерки е селективен и недоречен.

Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров за порталот Работник вели дека иако поголемиот број од мерките од најавениот трет пакет економски мерки е насочен кон граѓаните и социјално нај загрозените групи, сепак поголемиот број од нив посредно позитивно ќе влијаат и на стопанството.

„Сите видови помош на граѓаните преку ваучери или парични износи позитивно ќе влијаат на домашната потрошувачка и  на зголемувањето на продажбата на домашни производи и услуги. Затоа е неопходно при конечното дефинирање на мерките да се внимава тие да се однесуваат за купување на домашни производи или услуги, а не на увозни. Затоа што со купување на увозни производи ги помагаме странските компании и го нарушуваме билансот на плаќање на Северна Македонија“, истакна Димитров.

Според Димитров, мерките кои директно се насочени кон стопанството би требало да ги надополнат првиот и особено вториот сет на мерки. Така обезбедените нови 31 милион евра преку Развојната банка на Северна Македонија би овозможиле да се стекнат со помош и оние фирми кои поради недостаток на средства не успеале да ја добијат од првиот пакет на економски мерки. Конечно се планира и државна гаранција за комерцијални кредити за подршка на Старт апи, мали и микро компании-мерка која години наназад ја бара бизнис секторот. Се планирани и 25 милиони евра за нови пазари, конкурентност и модернизација, кои се неопходни за заживување на стопанството после кризата.

„Се разбира ова се нашите првични мислења по изнесените мерки, но конечниот став ќе може да го кажеме откако тие ќе бидат преточени во Уредби со законска сила, затоа што во уредбите понекогаш се предвидуваат некои критериуми кои преставуваат пречка за користење на мерките, па така и добри идеи на Владата добиваат лоша реализација. Затоа е неопходно пред нивното конечно објавување Владата да се консултира со бизнис заедницата“.

Бобан Илијевски

Advertisement
Advertisement