МакедонијаПравдаСиндикат

Дионисијев: Со спогодбата се уриваат правата на вработените во ЈП Водовод и Канлизација – Скопје

Дионисијев: Со спогодбата се уриваат правата на вработените во ЈП Водовод и Канлизација - Скопје - Работник
547views

По најавите на Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски дека во четвртокот е потпишана спогодбата за регрес, за годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година со ЈП Водовод и Канализација – Скопје, денеска со своја изјава излезе Претседателот на Самостојниот синдикат на Водовод и Канализација, при Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, Зоран Дионисијев. Според Дионисијев спогодбата е крајно штетна и ги урива работничките права коишто се веќе стекнати.

Порталот Работник побара изјава од Претседателот на Самостојниот синдикат на Водовод и Канализација, за да објасни во кој дел се кршат работничките права. Во телефонски разговор со него тој истакна дека исплатата на К-15 за претходните години е стекнато право и дека низ судски процеси ќе докажат дека спогодбата е ништовна, како и дека ги манипулира вработените во ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Според него, тие наместо да добијат 24,000 денари, пари за годишен одмор, за коишто одреден број на вработени имаат судски пресуди, а уште поголем број се охрабруваат да тужат, сега ќе им се исплатат само 3,000 денари за една година, што е осум пати помалку од тоа што го предвидува Колективниот договор.

Тој наведе и дека најстрашниот момент е дека ова право е нарушено од првиот човек на ССМ, којшто ги повикува сите работници да се обратат до правните служби, за бесплатна правна помош доколку некој од работодавачите не исплаќа К-15.