ЕкономијаСвет

Директори заработуваат 1.242 пати повеќе од работник

Директори заработуваат 1.242 пати повеќе од работник - Работник
123views

Сезоната на годишни состаноци во корпорациите се засилува, а сценариото се одвива како и обично- извршните директори ќе го направат своето.

Можеби, како што пишува Њујорк тајмс, ќе има малку вербално кошкање од акционерите, можеби ќе има мало „say on pay” гласање за нивните кнежевски плати, а потоа ќе соопштат дека по детална анализа на комисијата за компензации одобрени се налудничави зголемувања.

Екстремните компензации за директори и шефови не се никаква новост. Челниците на ГМ од крајот на 70-те остро беа критикувани затоа што прифатиле чекови на милион долари додека на обичните работници им се намалувале платите.