ЕкономијаМакедонијаПравда

Дискусија: Да се спречи одливот на мозоци и да се создадат услови за повратна миграција

Дискусија - Работник
52views

Низ координиран пристап на државните институции, бизнис заедницата и невладиниот сектор може да се направи тренд на повратна миграција која ќе биде позитивна за нашата држава. Ова денеска го изјави Дамир Незири, претставник на Вестминстер фондација за демократија пред почетокот на панел дискусијата „Повратна, или карта во еден правец? Како земјата се справува со одливот на мозоци?“ во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.

Незири како пример наведе дека ако се земе млад човек со завршено високо образование, со четири години, на Скопскиот аеродром, тој најверојатно ќе замине во Германија, Австрија или Швајцарија.

– Во себе има два куфери. Во едниот куфер има 29 илјади евра, тоа се пари кои државата, тој самиот и неговите родители ги вложиле за тој да заврши факултет. Толку чини еден млад човек да заврши факултет во оваа држава. Во другата рака има куфер кој има 16 илјади евра. Тоа е негов потенцијален придонес кон БДП на годишно ниво, кога би останал во оваа држава, преку плаќање даноци, преку директна потрошувачка…. Ова лице кога ќе замине од државата изнесува над 40 илјади евра, рече Незири, додавајќи дека тоа се наодите до кои дошле низ истражување, објави Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука