ДИТ: Работниците да го пријавуваат непочитувањето на мерките за превенција на ширење на коронавирусот
Преставките и пријавите велат од Инспекторатот ќе останат анонимни, а по нив веднаш ќе се постапи. Од Државниот инспекторат за труд најавуваат и особено засилени контроли во производствените погони во кои работат поголем број работници.
– Секоја претставка ќе биде анонимна нема да излеземе да кажеме кој пријавил. Граѓаните да не се плашат да пријават. Ние ќе постапуваме веднаш по сите пријави, а тие ќе останат анонимни, рече на денешната прес-конференција директорот на Државниот инспекторат за труд Аљадин Хавзиу.
Тој појасни дека граѓаните за нерегуларностите или непочитување на мерките можат да пријават преку веб страницата на Државниот инспекторат за труд или преку кол-центарот. Има дежурни лица кои ги примаат повиците и во зависност од регионот на кој се однесува претставката се информираат подрачните единици за постапување, објави Канал 5.
Целосниот текст прочитајте го тука
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024