ПравдаСветот на работникот

Добила отказ затоа што не сакала да потпише нешто што не е во ред – Приказната на Виолета Спасова Колева

Добила отказ затоа што не сакала - Работник
1.22Kviews

Виолета Спасова Колева, поранешна вработена во Општина Лозово, којашто доби отказ, а е воедно и бремена, за порталот Работник ја раскажа својата приказна. Имено, таа има 14 години искуство како раковдител на одделот за финансии.

Во Законот за работни односи јасно е наведено дека несоснована причина за отказ е одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање, родителствo.

Започнувајќи од февруари 2018 година и се воделе дисциплински постапки со цел да биде тргната од раководител на одделот за финансии во Општина Лозово, па како единствен вработен економист станала Виш соработник за месни заедници и справување со кризи, истакна Колева додавајќи дека против неа биле поднесени 3 дисциплински мерки и била казнета со 2 парични казни.

На прашањето зошто добила отказ, Колева рече дека причината за отказот е тоа што им сметала и јасно им кажала дека нема да потпише ништо што не е во ред. Потоа почнале да и се подготвуваат постапки и членовите на комисијата под притисок и уцени гласале како што им наредиле. Со двете постапки била деградирана, а со третата и бил даден отказ.

„Во втората постапка користеле фалсификуван документ и за тоа Обвинителството има поднесено обвинение против Градоначалникот на Општина Лозово и вработената во архивата“, вели Колева.

Таа наведе дека додека траела третата постапка, била цел ден незаконски фотографирана од страна на секретарот и поради тоа што се чувстувала вознемирено заминала од работното место. За истиот ден таа имала боледување од матичен и специјалист, но добила отказ поради неизвршување на работна задача.

Истакна дека секретарот по основ на неовластено фотографирање и употреба на сликите, заедно со Градоначалникот добиле кривични пријави.

Раскажа и дека во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година била распоредена на работно место со сала за состаноци без никакви услови, без телефон и греење на обичен клима уред и греалка со еден грејач. Од 02.2018 до 01.2019 година вработените имале забрана за комуникација и користење на приватни телефони на работно место. Колева рече и дека од страна на Народниот Правобранител биле констатирани дискриминација и мобинг.

Колева рече и дека поради континуиран притисок и вознемирување, таа во 2018 година доживеала спонтан абортус. Наведе и дека уште против тројца нејзини колеги се воделе постапки, а истите добивале и парични казни. За да се заштитат тие се организирале во синдикат, но според неа веќе било доцна. Потенцираше дека добила отказ и покрај конзилијарното мислење на тројцата доктори кои оцениле дека нејзината бременост била ризична, како доказ дека состојбата што ја преживела влијаела на нејзиното здравје и бременоста.

Судските постапки се во тек, вели таа, додавајќи дека е заглавена со судски процедури и обемни трошоци.

Таа објасни дека од септмври 2018 година и на нејзиниот сопруг кој е наставник во основно образование му ги земале часовите за да ги уништат во целост.

Додаде дека како професионалец во својата област, јавни финансии и буџетирање со 14 години работно искуство, со меѓународно призната диплома и сертификат многу и е тешко да се пронајде во приватниот сектор, па затоа ќе почека на одлуките од судот.