СветСветот на работникотСиндикат

Добра вест за просветарите: Наставниците добиваат работа на полно работно време

Добра вест за просветарите - Работник
95views
Министерот за образование, наука и технолошки развој на Србија, Младен Шарчевиќ најавил распишување на конкурс за вработување во просветата.

Министерството за образование соопштило дек Шарчевиќ, после состанокот со претставниците на синдикатот за образование на Србија, Унијата на синдикатите на просветните работници, синдикатот на работници во просветата на Србија и Гранскиот синдикат Независност, рекол дека целта во наредниот период е вработување на се повеќе просветни работници кои на постојан работен однос чекаат од учебната 2014 – 2015 година.

Претставниците на синдикатите, како што е наведено во соопштението, се согласни дека за ова чекале долго и го поддржуваат министерството во оваа иницијатива, а најавиле дека во наредниот период ќе работат и на останатите сегменти за унапредување на системот за работа во просветата.