МакедонијаСиндикат

Договорени подобри услови за работа и исплата на платите помеѓу пожарникарите и општина Тетово

Договорени подобри услови за работа - Работник
760views

Претставници на синдикатот на пожарникарите во Тетово и градоначалничката Теута Арифи денеска одржаа состанок и се договорија да се надминат разликите околу платите и да се подобрат условите за работа поради што протестираа вработените во тетовската противпожарна единица. Формирана е работна група која ќе има задача да го реализира договореното. – Преку вонсудски договори ќе се надминуваат разликите околу исплатата на платите. Општина Тетово комплетно ги прифати обврските околу реализирање на здравствени контроли и колективно осигурување, пишува Опсервер.

„За условите за работа ќе бараме од Дирекцијата за заштита и спасување, која е надлежна за средствата за работа, да примени принцип на еднаков регионален развој и тие да се користат и во Тетово и на други места“, рече градоначалничката Арифи.

Горан Ристевски од Независниот синдикат на државна управа истакна дека преку вонсудските договори пожарникарите ќе треба да добијат основна плата како општинската администрација и плус 20 отсто поради сложеноста и видот на работата.

Целосниот текст можете да го прочитате тука