- Advertisement -
МагазинНовости

Доделени десет стипендии за талентирани средношколци

Доделени десет стипендии - Работник
332views

Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“ на меѓународната невладина организација Македонија 2025 додели 10 стипендии на талентирани млади за тековната 2020/21 година. Стипендирањето на десетте средношколци им овозможува континуиран развој на талентот и вештините преку финансиска поддршка, менторство, учество на меѓународни натпревари, обуки, како и пракса во истакнати компании. Стипендиите се обезбедени преку донации и соработка со корпоративните и индивидуални партнери на организацијата Македонија 2025.

За таа цел, Македонија 2025 одржа онлајн настан за доделување на стипендиите. На настанот, Комитетот за избор на стипендистите, составен од истакнати членови на деловната заедница и тимот на Македонија2025 им честитаа на овие млади лица за добивањето на стипендиите.

Advertisement
– Вашата возраст е возраста кога големите луѓе се издвојуваат од малите, возраст на која лидерите се издвојуваат од просечните. Не чекајте, бидете амбициозни и размислувајте над границите поставени од општеството, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, директор и косопственик на Image PR и член на Комитетот за избор на стипендистите, стои во соопштението од Македонија 2025

Во март годинава Македонија2025 објави отворен повик за нови апликации за 2021/22 година, како дел од програмата „Таленти денес – Лидери утре“. Вкупно 139 лица се пријавија на отворениот повик и од нив беа избрани 10 стипендисти, врз основа на критериумите кои беа наведени во повикот.

Покрај стипендијата, Македонија2025 заедно со своите партнери ќе обезбеди постојана поддршка преку можности за менторство, обука и пракса во некои од најпознатите компании во Македонија.

Advertisement
Advertisement

– Ве молиме, обратете ни се за каква било дополнителна поддршка. Користете ги ресурсите што ние во Македонија2025, можеме да ги обезбедиме – можности за менторство, обука, пракса, итн., потенцираше Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија2025.

На овој начин, Македонија2025 активно придонесува за развој на инклузивно општество и ги поддржува младите во земјата да го постигнат својот целосен личен и професионален потенцијал.

Advertisement