ЕкономијаМакедонија

Доделување на сертификати на компании „Фер со потрошувачот“

Доделување на сертификати - Работник
195views

Свечено доделување на сертификатот за компании „Фер со потрошувачот“ ќе се одржи денеска во Скопје. На настанот најавено е обраќање на министерот за економија Крешник Бектеши, на претставник од Делегацијата на Европската Унија, од бизнис заедницата, државни органи и од граѓански организации.

Сертификатот „Фер со потрошувачот“ се доделува на компании кои имаат јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, користат фер пазарни практики, применуваат спогодбено решавање поплаки и спорови, ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина. Со сертификацијата се помага да се поттикне фер деловната пракса и да се воведат корпоративни кодекси за однос кон потрошувачите, пишува Макпрес.

Целосниот текст можете да го прочитате тука