ПравдаСветот на работникот

Докторите не добиле пет проценти зголемување со септемвриската плата

Докторите - Работник
233views

Нема зголемување на платите на здравствените работници од 5 проценти за месец септември, како што тие се надеваа. Многумина денеска разачарани кога виделе дека на сметките од септемвриската плата нема покачување, се јавувале во Синдикатот на Клинички центар, а дел се обратија и во редакцијата на НОВА.

„Нема зголемување на платите на здравствените работници иако така кажаа. Бевме во сметководство каде ни кажаа дека покачувањето од 5 отсто се однесува само за администрацијата. Сите лекари сме изненадени“, вели еден од лекарите кој се јави во НОВА.

Лекарите велат дека потврда за септемвриското зголемување имаат и од премиерот Заев, на чија фејсбук страница е објавено дека 5 посто покачување на септемвриската плата ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор.

Извор: Нова ТВ