СветСветот на работникотСиндикат

Докторка била нападната од пациент. Синдикатот го осудува нападот и бара промена во кривичниот законик

Докторка била нападната од пациент - Работник
155views

Синдикатот за здравство на Србија соопштил денеска дека во Општата болница во Суботица физички била нападната докторка во текот на извршувањето на итен медицински преглед.

Според наводите на синдикатот, инцидентот се случил вчера кога пациентот повеќе пати ја удрил докторката со раката по лицето.

Како што се наведува, на докторката и биле констатирани повреди во пределот на увото.

Од синдикатот повторно побарале измени во Кривичниот законик во смисла на заострување на казнените политики за таквите напади и воведување на ново кривично дело – напад на вработени во областа на здравството и социјалната заштита, на начин кој е пропишан за напад на адвокати.