Правда

Документарен филм за Австријката која спасила 15.336 српски деца за време на Втората Светска Војна

Документарен филм за Австријката која спасила 15.336 за време Втората Светска Војна-Работник
105views

Во рамките на програмата на Пулскиот филмски фестивал се одржа светската премиера на драмата “Дневникот на Дијана Будисављевиќ” во режија на Дана Будисављевиќ, за херојските напори на австрискиот хуманитарен активист која ги спасила српските деца од ужасите на Втората светска војна.

Филмот започнува со сведочењето на еден од четирите преживеани кои, како наратори, зборуваат за ужасите на злочините од личен агол. Како деца, тие пристигнале до усташкиот логор и низ солзи велат дека со денови јаделе пченкарно брашно и варени компири и дека многу деца умреле од студ и неухранетост во овие нехумани околности. Тие велат дека секојдневно гледале смрт.

Дијана Будисављевиќ  е хуманитарец од австриско потекло која спасила 15.336 деца од усташкиот логор на смртта во Независна Хрватска за време на Втората светска војна. Децата кои таа ги спасила биле воглавном Срби од хрватските и босанските села.

Оваа акција била една од најтешките и по бројот на спасени, е  една од најзначајните хуманитарни акции поврзани со концентрационите логори во Втората светска војна. Вкупно 3.254 деца загинале за време на спасувањето или веднаш по напуштањето на кампот, исцрпени од мачење, глад и болест, додека повеќе од 12.000 пронајдени деца ја преживеале војната.

За да ги сочува информациите за децата што ги спасувала за време на војната, таа чувала досие за нив, надевајќи се дека еден ден може да се врати во нејзините биолошки семејства.