ЕкономијаЗанимливостиМагазинСвет

Доналд Трамп има сметка во „непријателска“ земја, адвокатот на Трамп образложува зошто

Доналд Трамп има сметка во „непријателска“ земја, адвокатот на Трамп образложува зошто - Работник
52views

Американскиот претседател Доналд Трамп има банкарска сметка во Кина, каде со години се обидуваше да прави бизнис, иако се претставува како вистински ривал на Пекинг, за разлика од, како што рече, неговиот демократски ривал на претстојните претседателски избори, Џо Бајден, пишува Њујорк тајмс.

Магнатот за недвижнини ја чуваше канцеларијата што ја отвори во Кина пред да биде избран за претседател на САД, за време на целиот претседателски мандат и се обиде да склучи партнерство со голема кинеска компанија под државна контрола, тврди весникот.

Претседателот на Соединетите Држави, исто така, водел банкарска сметка во Кина, која не беше позната до сега и која ја контролира една од неговите компании, „Трамп Интернешнл хотелс менаџмент“, се вели во анализата на неговите даночни пријави, до кои имал пристап њујорк тајмс

Според една од даночните пријави, таа компанија платила данок од 188.561 долари во Кина кога се обиде да склучи договори за лиценца од 2013 до 2015 година.

Адвокатот на групата Трамп, Алан Гартен изјави дека компанијата отвори сметка во кинеска банка, која има филијали во САД, со цел да ги плати тие даноци.

„Ниту еден договор, трансакција или каква било друга комерцијална активност не е конкретизиран од 2015 година и таа сметка е неактивна“, рече адвокатот.

Според агенцијата Франс Прес, Трамп започнал трговска и дипломатска војна со Кина, тврдејќи дека тој е вистински бранител на американските интереси против кинескиот гигант, за разлика од Бајден, кандидат за претседател на Демократите за изборите што треба да се одржат во ноември.

Според „Њујорк Тајмс“, освен во Кина, Трамп има активни сметки и во Велика Британија и Ирска.

Извор: bizlife.rs