- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Доналд Трамп отвори „Кабинет на поранешниот претседател“

-
110views

Поранешниот претседател на УСА – Доналд Трамп отвори „Кабинет на поранешниот претседател“ за да може да објавува дел од своите планови преку неговата нова база во Флорида, земајќи во предвид дека сеуште тој е исклучен од социјалните мрежи.

Во понеделникот, неколку новинари ја добија првата задача од канцеларијата, која вети дека ќе ја продолжи работата на администрацијата на Трамп.

Advertisement

„Денес, 45-от претседател на Соединетите држави, Доналд Trump, официјално го отвори „Кабинетот на поранешниот претседател“, се вели во соопштението.

„Канцеларијата ќе биде одговорна за управување со преписките, јавните изјави, настапи и официјалните активности на претседателот Трамп за унапредување на интересите на Соединетите држави и за спроведување на агендата на администрацијата на Трамп преку застапување, организирање и јавен активизам“.
Логото на новата канцеларија, кое можете да го видите на твитот подолу, се чини дека е црно-бела копија од логото на Извршната канцеларија на претседателот на Соединетите држави.

Advertisement

 

Трамп во средата наутро го напушти Вашингтон кон своето одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, неколку часа пред инаугурацијата на претседателот Џо Бајден.

Пред неговото заминување, во извештаите беше детално опишано како Трамп размислувал за низа потези во кариерата, за да ги извршува како граѓанин.

За Трамп беше речено дека размислува да ја обнови својата ТВ кариера, да изгради претседателска библиотека од две милијарди долари, да отвори телевизија или мрежа на социјални медиуми или повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Откако стана екс-претседател, Трамп се држи подалеку од јавноста. Во петокот, тој му рече на Washington Examiner: „Ќе сториме нешто, многу наскоро“.

Неговата моментална тишина може да се должи и на уште еден фактор: тој беше лишен од многу негови профили на социјалните мрежи како резултат на немирите од неговите приврзаници во американскиот Капитол кои се случија на 6 Јануари.

Фејсбук, Инстаграм, Снепчет и Твитер – неговите претпочитани платформи – трајно го суспендираа по нападот. Исто така и YouTube привремено го суспендираше неговиот канал од поставување содржини.

Објавувањето за новата канцеларија на Трамп дојде истиот ден кога Сенатот доби соопштение за импичмент од Претставничкиот дом, кој го обвини Трамп за поттикнување на толпата да упадне во Капитол.

Доналд Трамп доби импичмент по втор пат на 13 јануари. Неговото судење во Сенатот треба да започне на 9 февруари.

Во неделата, Пакстон Бојд, репортер за Си-Би-Ес 12 во Јужна Флорида, објави снимка на Твитер како авион лета ниско над Палм Бич како е развеан транспарентот на кој пишува „Трамп, патетичен губитник, врати се во Москва“.

 

И покрај тоа што не се знае многу за дневниот распоред на Трамп во Мар-а-Лаго, „Дејли Бист“ објави дека тој бесно гледал ТВ-интервјуа дадени од д-р Ентони Фаучи.

Фаучи, најголемиот американски експерт за инфективни болести, беше злоупотребен од Трамп за време на пандемијата. Фаучи минатата недела рече дека е „ослободувачко чувство“ да се работи со новата администрација на Бајден.

Гледајќи ги интервјуата, Трамп се пожали дека Фаучи е „неспособен“ и дека требало да го отпушти кога ќе имал можност, изјавија извори за „Дејли бист“.

Извор: businessinsider.com

Advertisement