Донесена одлука за поддршка на хонорарните новинари на кои им е откажана соработката

Министерството за култура донело одлука за доделување на финансиска поддршка на хонорарците – медиумски работници на кои поради корона кризата им била откажана соработката, односно им била оневозможена редовна работа, известиле денеска Хрватското новинарско друштвото и Синдикатот на новинари на Хрватска.
Одлуката која се однесува на новинарите, снимателите и фотографите е резултат на разговорот помеѓу претставниците на Синдикатот на новинари и хрватското новинарско друштво со Агенцијата за електронски медиуми, се наведува во известувањата на двете организации.
Хонорарците на кои им е откажана соработката и им е овозможена редовна работа ќе им се исплати поддршка во согласност со заклучоците на Владата за мерките за помош на економијата поради епидемијата на корона вирусот од март, а според утврдените услови за доделување на поддршка и поднесените барања на образците, се наведува во одлуката.
Хрватското новинарско друштво и Синдикатот на новинари на Хрватска истакнуваат дека од почеткот на кризата се залагале за што побрза, поквалитетна и поадекватна помош за новиниарите и медиумските работници погодени од оваа криза, како и своите барања и предлози ги изнеле со предложените мерки за спас на новинарството. Додаваат и дека оваа одлука е прв чекор на Миистерството за помош на оние кои се најзагрозени и кои останале без приходи и без работа.