ЕкономијаМакедонија

Донесена уредба за ваучери во вонредна состојба за поддршка на домашниот туризам

251views

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.

Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

На денешната седница Владата донесе заклучок да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги стопира тековните постапки за  распоредувања и унапредувања во министерството бидејќи се спротивни на одредбите од Законот за Влада.