Занимливости

Досега убиени се 50,000 поларни мечки – нивниот опстанок е загрозен, потребно е да се забрани ловот на трофеи

Досега убиени се 50,000 поларни мечки - Работник
167views

Ловот на поларни мечки поради нивната кожа мора да се забрани инаку овој арктички вид ќе изумре.

Не само што овие животни се борат да го преживеат влијанието на климатските промени кои го топат мразот, туку ловците жедни за трофеи ги прогонуваат поради нивната кожа која е многу барана во Кина, што го забрзува нивното истребување.

Наградуваниот фотограф на дивината и конзервационист Оле Лиоден, четири години работел на проектот за да го истакне овој проблем. Тој тврди дека ловците ги таргетираат најсилните и најздравите мажјаци, па на крајот остануваат само слабите едники да ги пренесуваат гените и да го одржуваат видот.

„Мораме да ги запреме трофејниот лов и продажбата на кожата на поларните мечки. Тоа е единствениот начин мечките да опстанат во иднина и покрај глобалното затоплување“, смета познатиот фотограф.

Ловците на Арктик помеѓу 2007 и 2016 година убиле речиси 9,000 поларни мечки. Повеќе од 50,000 поларни мечки се убени од 1960 година, што е два пати повеќе од преостанатата популација.

 

Бројките кои се многу поголеми од претходните процени, пуштени се во јавност дури откако адвокатите ја натерале кандската влада да ги објави, на основа на законот за слобода на информациите.

Поларните мечки се едни од најексклузивните видови кои ловците на трофеи ги ловат. Овој вид на цицачи е најмалку погоден за лов поради ниската стапка на преживување на младенчињата, ниската стапка на репродукција и климатските промени. Иако потоплата клима може наголемо да ја одреди репродукцијата на поларните мечки во иднина, масивното намалување на поединечните видови се препишува на некотролираниот лов“, додал Оле.

Трофејниот лов на мечки започнал во 1940 – тите години на Алјаска во Америка и во Свалбард во Норвешка.

Експедициите ги привлекле богатите клиените кои наскоро започнале да користат авиони, хеликоптери и бродови за да ловат мечки. Русија го забранила ловот на поларни мечки во 1957 година, па Америка го направила истото во 1972 година, а по една година и Норвешка.

Кандаскиот Арктички регион моментално е единственото место каде ловот на поларни мечки е дозволен. Лиоден тврди дека некои водачи на Инуитите се против трофејниот лов, но и дека кандската влада ги охрабрува да бидат водичи на ловците.

 

Кожата на поларната мечка може да се продаде за 60,000 фунти. Минатото лето истрагата на „Дејли Мирор“ открила мноштво на компании кои на ловците им нудат лов во Арктичкиот круг. Домаќините им ветуваат дека нивното водење на лов е искуство кое засекогаш ќе го паметат. Ловот трае 12 дена и ловците за него плаќааат сума од 36,000 фунти, а во цената е влучена и услуга за препарирање на животните.

 

Според податоците на Светскиот фонд за дивина, во дивината се на се преостанале од 20 до 25 илјади поларни мечки. Тој број би можел да се намали за две третини до средината на векот, доколку Арктикот продолжи да се загрева. Овие мечки се наоѓаат на чувствителната листа на Меѓународната унија за заштита на природата – пренесува Мирор.

„Зошто им дозволуваме на ловците на трофеи да ги убиваат мечките од забава? Тие ги убиваат најголемите животни и ги отстрануваат гените кои им се потребни за да го преживеат глобалното затоплување. Ова е само една од причните зошто трофејскиот лов е кривично дело против природата“, истакнал Едуардо Гонцалвес, основач на Кампањата за забрана на лов на трофеи.