ЕкономијаМакедонија

Достапни нови шест милиони евра за бескаматни кредити за компаниите

Достапни нови шест милиони - Работник
108views

Нови шест милиони евра од денеска им се достапни на компаниите за бескаматни кредити за надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот и заштита на ликвидноста и работните места, а како интервентен сет на мерки на стопанството наскоро ќе му бидат достапни околу 100 милиони евра за таа намена, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Подготвуваме сценарија за најлошото, а се надеваме и работиме за најдоброто. Вчера најавивме дека на компаниите им се веднаш достапни шест милиони евра за бескаматни кредити преку Македонската банка за обнова и развој, а од денеска ќе им бидат достапни уште шест милиони евра, рече Ангеловска на денешната прес-конференција пред Министерството за економија.

Таа најви дека се во преговори со Европската инвестициска банка за дополнителни 50 милиони евра што ќе им бидат достапни на компаниите за бескаматни керити за санирање на состојбите од коронавирусот и заштита на ливидноста и работните места, објави Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука