Занимливости

ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА ВО СКОПЈЕ СО ДИНО МЕРЛИН

ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА - Работник
216views

Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин утревечер ќе ги забавува жителите на Скопје, но и сите гости од земјата и од регионот кои Новата 2020 година ќе ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. Градот Скопје заедно со Дино Мерлин за сите посетители на новогодишната ноќ ќе понуди спектакуларно и уникатно шоу вредно за паметење.

Градот Скопје Ве поканува на големиот пречек на Новата година во срцето на Скопје. Забавата, утревечер ќе ја отворат музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ почнувајќи од 20:30 часот, а одбројувањето до Новата година ќе го направиме со спектакуларното музичко шоу на регионалната ѕвезда, Дино Мерлин.