МакедонијаПравдаСиндикат

Дојде летниот распуст, а проблемите со училиштата не се уште решени

Дојде летниот распуст, а проблемите во училиштата не се уште решени - Работник
322views

Заваршувањето на школската година е при крај. Оваа е последна неденла.  Учениците заминуваат на летен распуст, а училиштата ќе бидат под клуч. Сепак тука не е крајот на проблемите со кои се соочија просветните работници и учениците.

Голем дел на училишта останаа нереновирани, има преполнети училници, голем број на ученици немаат учебници, а оние коишто имаа беа стари и искинати, поради не водењето на ред и слабиот квалитет. Од друга страна, просветните работници имаат голем број на административни обврски, а немаат мотив за работа поради малите плати. Од синдикатот за образование, наука и култра – СОНК, испратија апел до надлежните институции да работат на решавањето на настанатите проблеми.

Од Министерството за образование и наука велат дека кај нив задоволството од реализираните проекти во оваа школска година е големо. Тие истакнаа дека платите почнале да се зголемуваат, учебниците биле корегирани, а и при крај бил и законот за основно образование.

Министерот за образование, Арбер Адеми за Алсат телевизија истакнал дека направиле закон за наставниците во основното и средното образование и таа е една од најголемите реформи во образовниот процес, развој во кариерата, професионален развој кој им недостига на наставниците и со кој директно и мотивирачки се влијае врз нив.

 

Извор: АлсатМ