- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Дојче банка укинува 18.000 работни места

Дојче банка - Работник
176views

„Deutsche bank” објави дека дополнително ќе ги намали трошоците со цел да се исполни насоченото враќање кон профитабилноста започнувајќи од 2022 година, а исто така ги потврди и најавите од претходно за укинување на 18.000 работни места.

Под раководство на извршниот директор Кристијан Шивинг, банката спроведува голема внатрешна реорганизација, а дел од таа реорганизација е и планот за намалување на бројот на вработени, како и повлекувањето од сопственичката структура во одредени компании каде што во моментов има значителен удел, пренесува „Reuters“.

Целта на германскиот банкарски гигант е да ја врати профитабилноста, откако веќе пет последователни години бележи загуби, чиј вкупен износ достигна повеќе од 15 милијарди евра (18,2 милијарди долари).

Извршниот директор Кристијан Шивинг најави нова фаза на реструктуирање на банката, порачувајќи им на вработените дека „сега банката преминува од дефанзива во офанзива“.

Во своето официјално соопштение, од „Deutsche bank” велат дека ќе ги намалат трошоците на 16,7 милијарди евра до 2022 година, наместо 17 милијарди како што првично беа планирани. Се разгледуваат можности за заштеда на деловен простор и патувања во време кога владее пандемија на коронавирусот.

Од банката проектираат зголемување на приходите на ниво од 24,4 милијарди евра до 2022 година, очекувајќи приходите од секторот за инвестициско банкарство да се зголемат за 3,0 проценти во периодот 2018-2022 година во споредба со претходно проектираните 2,0 проценти.

Наспроти тоа, „Deutsche bank” ја намали проекцијата на приходите од работењето на компанијата.

Акциите на Банката, кои паднаа на рекордно ниско ниво во март, оттогаш ја зголемија својата вредност за околу 38 проценти.