ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Драма во Украина: Нема плати и пензии?

   Време за читање 1 минута

Во Украина можно е одложување на исплатата на платите и пензиите доколку изостане странската помош.

Украинската влада се соочува со можноста да се одложи исплаќањето на платите и пензиите за јавните службеници, ако наскоро не се одобри клучната западна финансиска помош, изјавила вчера заменичката на премиерот на оваа земја, Јулија Свириденко.

Поддршката од партнерите е исклучително критична. Итно ни е потребна,

навела Свириденко во соопштението.

Според неа, на 500,000 државни службеници, 1,4 милион наставници и 10 милиони пензионери би можеле да им задоцнат платите и пензиите, пренесува „Фајненшл Тајмс“.

Официјален Киев се надева на итната помош од 18,5 милијарди евра, со дополнителните 8 милијарди, кои би го пополниле буџетскиот дефицит за наредната година, кој изнесува 43 милијарди евра.

Јулија Свириденко за Фајненшл Тајмс рекла оти се надева дека финансирањето од ЕУ ќе биде одобрено во февруари и испорачано во март наредната година.

Украина своите комплетни средства ги вложила во одбраната на државата по војната со Русија во февруари 2022 година, потпирајќи се на странска поддршка кога станува збор за исплаќањето на платите и пензиите.

Клучниот пакет помош, вклучувајќи  50 милијарди евра од Европската унија, се блокирани поради неусогласеноста помеѓу Брисел и Вашингтон, наведува Ројтерс.

Извор: b92.net

Фото: shutterstock, perfectlab