- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Драстични мерки на компанијата: Нема работа без негативен тест за корона

Драстични мерки на компанијата - Работник
125views

Австриската пекара Фелбер вовела забрана на работа за вработените кои се немаат тестирано за коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми. Како што се наведува, ова е правата компанија која го направила ова, а се се случува во моментот кога Австрија влегува во нов круг на заклучување кој ќе трае од 26 декември до 18 јануари. 

Компанијата ова го одлучила на основа на одлуката на австриската Влада според која, само оние кои ќе се тестираат во текот на масовното тестирање на 16 и 17 јануари ќе можат да излезат од изолација, додека остатокот од луѓето ќе мора да останат во карантин уште една недела. 

Ланецот на пекари Фелбер по тој повод, на своите вработени им упатил соопштение во кое наведува дека мораат да се тестираат до 18 јануари. Можат да работат само оние кои можат да докажат дека се негативни на корона. 

„До 18 јануари морате на работа да донесете негативен текст на коронавирус и тоа не постар од една недела. Без негативен тест, не можете да работите“, се наведува во пораката до вработените. 

Ако вработените одбијат да направат тест за корона, „тие мораат во продавниците да носат ФФП2 маска или да земат одмор“. 

Експертите по трудово право укажуваат дека во екстремни случаи компанијата мкоже да одбие и исплата на плати или дури и да го прекине работниот однос, но, како што наведуваат тамошните медиуми, Фелбер наведува дека нема да „оди толку далеку“.