ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Дрекслмајер: Нема отпуштања на работници, продолжувањето на времените вработувања како и пред пандемијата

77views

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот има огромно влијание на нашата компанија, а од самиот почеток, здравјето на нашите вработени е наш главен приоритет.

Нема отпуштања  на работници, а селекцијата на продолжување на времени вработувања е вообичаена како и пред коронавирусот,  велат за МИА од компанијата „Дрекслмајер” во Кавадарци, по реакциите дека има работници на кои не им е продолжен времениот договор за работа во оваа германска фабрика со над пет илјади вработени од повеќе општини.

– Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот има огромно влијание на нашата компанија, а од самиот почеток, здравјето на нашите вработени е наш главен приоритет. Оваа специфична состојба секако има и сериозни економски ефекти врз целата индустрија, нашите клиенти, а со тоа и врз нас како добавувач. Како компанија што испорачува во точно одредено време и во одредена секвенца, ние во потполност зависиме од нашите клиенти. Во време кога нарачките од клиентите се стопирани, мораме и ние да го запреме нашето производство. Веднаш штом клиентите ги рестартираат своите капацитети, подготвени сме за нов почеток, нагласуваат од компанијата.

Повеќе прочитајте на канал5.мк