Правда

Државата, бизнисмените и вработените имаат обврска да ги почитуваат човековите права

Почитувањето на човековите права - Работник
156views

Во рамките на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“, денеска во хотелот „Арка“ се одржа национална „Конференција за бизнис и човекови права“. Осумдесетина претставници од стопанските комори, компании, граѓанските организации и меѓународни експерти заклучија дека имплементацијата на Водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН (ВПОН) во политиките и работењето на бизнисите во голема мера зависи од создавањето на поттикнувачки услови од страна на државата и од напорите на бинисите и нивните организации. За посветеноста на државата кон човековите права и нивната поврзаност со ЕУ интеграциите говореа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и висок претставник на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија, Вирве Вимпари, пишува Плусинфо.

Целосниот текст можете да го прочитате тука