ЕкономијаСвет

Државата на невработените им делела по 1,000 евра: Експериментот пропаднал, неповратната помош не е решение

Државата на невработените - Работник
87views

Две години откако Финска го покренала експериментот во кој речиси 2,000 невработени добивале редовна месечна помош, многу од нив останале невработени.

Многу истражувачи ги истакнале сериозните недостатоци, кои ги поматиле резулатите на експериментот.

Макар што овие луѓе рекле дека се посреќни и поздрави од останатите невработени жители, експериментот е прогласен за неуспешен.

„Ова е обехрабрувачки за заедница со гарантиран доход, но резулатите на анкетите не се баш корисни“, рекол извршниот директор на непрофитниот институот Џејн фемили, Мајкал Стајнс.

„Ги интересирало следново прашање: Ако ја замените финансиската помош за условна невработеност со безусловна помош за невработени, дали вработеноста ќе се зголеми“, додал тој.

Научниот соработник во институцијата Брукинг, Џими О’Донел означил неколку големи проблеми:

Прво се променил ставот кон социјалната помош во Финска. Многу политичари и нивните застапеници почнале да го сметаат загарантираниот доход како начин за поттикнување на лоша работна етика.

Тоа придонело за втората работа: Кабиентот на Премиерот бил подготвен да понуди само ограничен буџет од 20 милиони евра за експериментот. Освен тоа, сакале оваа политика брзо да се спроведе, присилувајќи ги истражувачите да побрзаат со дизајнот на експериментот.

Истражувачите кои стојат зад експериментот, првобитно планирале да вклучат 10,000 луѓе, на кои би им се исплатувале по 1,000 евра месечно.

Мал буџет, мал одѕив. 

Тоа не било возможно со буџет од 20 милиони евра. Краткиот рок кој им бил зададен исто ги присилил да ги ограничат учесниците само на невработени жители, бидејќи веќе имале административни податоци за таа социјална група.

Поради темелниот дизајн на експериментот, гарантираниот доход бил само мал дел на услуга која им се пружала на луѓето. Финска станала првата европска земја која го тестирала безусловниот загарантиран доход, каде луѓето примаат редовна помош, а немаат никави обврски кон државата.

Уште еден проблем бил малиот одѕив – само 25 проценти од учесниците на Владата и пратиле повратни информации. Тоа на резулататите на експериментот им додава уше една димензија на сомнеж.

„Тешко дека ова беше тест за загарантиран доход“, рече Стајнс.

„Во најдобар случај, беше тест на многу ограничен доход, во многу специфичен контекст, за многу специфична група на луѓе“, заклучил Стајнс.