- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Државата подготвува Водич за безбедна работа од дома

Државата подготвува - Работник
132views

Со цел да им се олесни на работодавачите и работниците во ситуацијата предизвикана од пандемијата од Ковид – 19, Управата за безбедност и здравје при работа на Србија подготвува Водич за безбедна и здрава работа од дома, најавила Министерката за труд Дарија Кисиќ Тепачевиќ. 

„Се надеваме дека Водичот ќе им помогне на работодавачите да организираат безбедни услови за работа и да се решат недоумиците со обврските и одговорностите како на работодавачите така и на вработените. Тоа е прв чекор и очекуваме дека тој документ ќе здогледа дневна светлина во наредните недели“, рекла Кисиќ. 

Укажала дека работодавачите се должни да обезбедат здраво и безбедно работно опкружување.

Министерката навела дека непознато било како и дали може да се дефинира безбедноста кога се работи од дома, односно кога домот истовремено е работно место и канцеларија. 

„Имавме потешкотии кога е во прашање ова поле и не постои ниеден посебен пропис кога е во прашање тоа, па со помош на Водичот помеѓу другото се обидуваме да најдеме некое решние и да им олесниме на работодавачите“, рекла Кишиќ Тепачевиќ. 

Нагласува дека важна е координацијата на сите надлежни и релевантни институции. 

Таа укажала дека за работодавачите се дадени предлози на вработените да им достават решенија во електронска форма бидејќи тоа е побрзо. 

Можно е и да им се понудат анкес договори и така да се дефинираат правата и обврските кога дел од активностите се спроведуваат од дома.