МакедонијаСиндикат

ДРЖАВАТА ЌЕ ПЛАЌА ДЕЛ ОД ПРИДОНЕСИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ МЕСТО ФИРМИТЕ

ДРЖАВАТА ЌЕ ПЛАЌА ДЕЛ ОД ПРИДОНЕСИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ МЕСТО ФИРМИТЕ-Работник
208views

Ребалансот на буџетот следната недела ќе биде на разгледување пред министерите во Владата. Не се откриваат детали каде ќе се скуси, а каде ќе се додаваат пари. Премиерот Заев очекува ребаланост да го потпише новата министерка за финансии Нина Ангеловска и таа ќе треба да го брани пред пратениците во Собранието. Заев од собраниската говорница откри само еден секмент од ребаланост. 40 милиони евра ќе се наменат за супституирање на придонесите. Односно работодавачите кои ќе ги зголемат платите на рабониците до 100 евра, за тој дел нема да плаќаат пензиско и здравствено осигурување.

– „Затоа што наместо да даваат пари во кеш како дополнување на платата на работниците, за да ги мотивираат, да ги задржат, работодавачите не ја даваат целата бруто плата, зашто вкупно придонесите на бруто плата изнесуваат 47 отсто заедно со персоналниот данок. Односно, на 20.000 денари, нето плата, во државата, се плаќа 9 илјади и 470 денари севкупни давачки, персонален данок, пензиско, здравствено и социјално осигурување. Целта е навистина да ги демотивираме на ваквото давање на пари во кеш. Со новата мерка што ќе ја предложиме, тие ќе платат само 11 проценти персонален данок, а другиот дел, пензиско, здравствено и социјално осигурување, државата ќе го покрие. Вработените ќе добијат повисоки нето плати и ќе бидат мотивирани да останат на работа. Тоа е мерка која ќе придонесе кон мотивацијата и младите луѓе, и сите други, да останат во државата зашто платите ќе растат. Имаме таков капацитет“. – образложи премиерот Заев.

Целиот  текст можете да го преземете тука