- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Државата ќе се задолжува кај меѓународните финансиски институции и комерцијални банки

Државата ќе се задолжува - Работник
207views

Државата ќе се задолжува кај меѓународните финансиски институции и комерцијални банки, со цел што поскоро да обезбеди пари за справување со последиците од корона кризата.

Заменик министерката за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, веќе ги потпишала барањата за заем од ММФ во висина од 87 милиони евра, од Светска Банка за износ меѓу 100 и 120 милиони евра, како и од странските комерцијални банки за сума до 400 милиони евра. Според неа, барањата ќе бидат испратени веќе во понеделник, бидејќи потребна е итна финансиска инјекција.

Advertisement

Лидерот на најголемата опозициска партија на својот официјален фејсбук профил напиша дека сега е време кога треба одговорно да се однесуваме.

“На компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари, затоа задолжувањето на Владата иако непопуларна, но е единствена опција во овој момент за да му се помогне на стопанството. Нема да пишуваме писма до кредитобарателите за откажување на задолжувањето како што тоа го правеше СДСМ кога беше опозиција, туку ќе ја поддржиме владата во намерата да обезбеди финансиски средства за сервисирање на потребите на фирмите во периодот на кризата”, напиша Мицкоски.

Advertisement
Advertisement

Бизнис секторот алармира дека потребни се итни мерки за реалната економија да се зачува во живот.

Претходно Владата веќе донесе еден пакет мерки за помош на стопанството. Ќе се обезбедат бескаматни кредити со грејс период од шест месеци, како и субвенционирање на половина од придонесите за вработените во најпогодените сектори во наредните три месеци.

Но опозицијата бара државата да покрие 50% од трошоците за вработените, како за придонеси, така и за плата, но и да се замрзнат ратите за кредити и заеми.

Извор: Сител

Advertisement