Македонија

Државната награда за публицистика и новинарство ,,Мито Хаџи Василев-Јасмин“ нема да биде доделена

   Време за читање 2 минути

Оваа година нема да се додели наградата од областа на публицистиката и новинарството, одлучи Одборот за доделување на наградата при Министерството за култура.

Причината за тоа е што ниту еден од пријавените кандидати не го добил потребното мнозинство.

Одборот е составен од 12 члена и претседател. Претседател на одборот е новинарката Катерина Блажевска.

Во прилог е одлуката на Министерството за култура објавена утрово:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди  („Службен весник на Р.М.” бр.52/06,бр.54/07, 74/12, 99/18 и Сл. весник на РСМ бр. 98/19 ),  и член 8 став 3 од Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, на седницата одржана на 26.11.2019 година  донесе:

О Д Л У К А

1. Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, одлучи во 2019 година државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува  за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.

2. Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Одлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за  2019 година.

3. Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна  Македонија”.

                                               Претседател на Одборот

                                  за доделување на државната награда

                                           “Мито Хаџи Василев – Јасмин”,

                                                   Катерина Блажевска

Како што пишува порталот АКО.мк, оваа награда не била доделена ни во 2017 година, поради задоцнувањето на министерството со распишувањето на конкурс за нови членови на одборот кој одлучува за доделување на наградата.