ЕкономијаСветСветот на работникот

Другата страна на легализацијата на канабисот: Откази и мерки за штедење

Другата страна - Работник
185views

Инвеститорите подржуваат намалување на бројот на работните места во канадските произведувачи на канабис, додека оваа индустрија не стане профитабилна и стабилна.

Нивниот став проследил откако двете најголеми компании кои се бават со одгледување на марихуана, Аурора канабис и Тилреј, оваа недела најавиле намалување на трошоците.

Канада ја легализирала марихуаната во рекреативни цели во 2018 година, но профитот станал недостижен за многу компании кои се бават со него, поради големите цени во однос на оние од „црниот пазар“, но и поради слабото пробивање во странските држави.

Некои експерти ја предвидуваат истата судбината на Аурора за сите компании и не гледаат рационализација, туку напуштање на бизнисот. Многу произведувачи, како што се Аурора, Тилреј и Африја, со брзина на молња се прошириле на домашните и странските пазари, бидејќи „капиталот пред легализацијата“ тоа го дозволувал.

Аурора објави намалување на трошоците во висина од милијарда долари и 500 откази, но и прераспределба во управата. Тилреј навел дека го намалил бројот на работната сила за 10 проценти, односно 140 луѓе останале без работа, пишуваат Независне новине.

Недостатокот на профит не е изненадувачки во новите индустрии, но вака пролонгираната ситуација ги загрижува инвеститорите. Според Ројтерс, Аурора пред приказните за трошоците, прво морала четири пати да ја зголеми кварталната продажба, а Тилреј ја дуплирал, пред да најави намалување.

Портпаролот на првата компанија наведува дека моментално носат „агресивни промени“, бидејќи поранешната структура на трошоци не била усогласена со актуелните пазарни услови. На овој начин, низ мерки за штедење и откази, настојуваат да ги покријат трошоците додека не го видат реалниот профит.

Тилреј кој го очекува профитот до крајот на фискалната 2020 година, до тогаш планира да го премости јазот на долговите. Таканаречените кратки продавачи создале повеќе од 60 милиони долари профит на хартија во петокот, по опаѓањето на распределбите на канабисот кај канадските и американските произведувачи, особено Аурора која е гигнатски шерхолдер.

Другите компании кои растеле бавно, како Ораниграм холдинг, сега можат подобро да ги контролираат своите трошоци. Преголемото снабдување предизвикува недостаток на побарувачката и преработката, што се одразува на продажбата.