ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Дуално образование по германски принцип: Средношколци од Кавадарци се вработија во „Дрекслмајер“

Дуално образование по германски принцип - Работник
65views

Осумнаесет средношколци од СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци ја завршија наставата од областа Индустриска мехатроника според германски модел на дуално стручно образование и неколкумина од нив веќе ги потпишаа своите први работни договори со компанијата „Дрекслмајер“. За ова денеска информираа од германската фабрика.

Компанијата веќе пет години обучува ученици според германскиот модел на дуално стручно образование. Во соработка со СОУ „Киро Спанџов – Брко“ и Министерството за образование и наука, даден е значаен придонес при изготвувањето на наставниот план и програма за овој концепт на стручно образование, нагласија од фабриката.

Втората генерација завршени средношколци, три години покрај редовната настава, посетуваше и практична настава, во современо опремена работилница во рамки на компанијата.

Од компанијата велат дека инвестирањето во младите и нивниот развој, е инвестирање во иднината.

Извор: Лидер